Зоран Тегелтија е мандатор на Советот на министри на БИХ

Претседателството на БиХ денеска го именуваше Зоран Тегелтија за мандатор на новиот состав на Советот на министри на БиХ. Фена информира дека Претседателството на БиХ , колективниот шеф на државата, денеска, на посеебна седница, донесе одлука за прифаќање на документите од Програмата за реформи на БиХ.
Овој документ во седиштето на НАТО во Брисел, според договорот, ќе биде испратен откако именувањето на Тегелтија ќе биде потврдено во Собранието на БиХ.
Бета јави дека членовите на Претседателството претходно имале средба со амбасадорите на Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ.
Бета, повикувајќи се на извори од Претседателството на БиХ, јавува дека во седиштето на НАТО во Брисел ќе биде испратен документот што ќе значи активирање на Акцискиот план за членство во НАТО (МАП), иако овој документ нема да биде испратен под името Годишен национален план (АНП).
Документот во Брисел ќе биде испратен како „програма за реформи“, а тој веќе добил зелено светло во седиштето на НАТО.
Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, се до денеска не прифаќаше ниту еден документ што ќе значи активирање на Акцискиот план што е чекор на патот на Земјата кон НАТО, бидејќи на тоа не го обврзува Резолуцијата на Народното собрание на Република Српска за воената неутралност.
Другите два члена на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, досега го условуваа именувањето на претседавачот со Советот на министри од партијата на Додик, Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) со усвојување на АНП, односно со натамшните интеграции на БиХ во НАТО.
Џаферовиќ, по именувањето на Тегелтија за мандатор, кажа дека е договорен документ што го поддржува НАТО, но и светските сили.Тој кажа дека Претседателството на БиХ денеска го усвои планот за реформи во земјата што преку постојаната мисија во Брисел ќе биде доставен до НАТО, само еден ден откако Претставничкиот дом на ПС на БиХ го потврди именувањето на претседавачот и министрите во Советот на министри на БиХ, пренесе Кликс, ба.
-Овде нема победник и победен од страна на било кој политичар или политика. Победници се БиХ, сите делови на БиХ, и сите народи и сите граѓани на БиХ. Во изминатите два месеца ние во Претседателството на БиХ работевме напорно заедно со пријателите од светот и НАТО, и дојдовме до документ што ќе биде доставен до НАТО и ќе ни овозможи продолжувањ ена односите и соработката со НАТО, рече Џаферовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ