Хајди Клум и натаму максимално ужива во летото. Германско-американската манекенка повторно го привлече вниманието на своите следбеници, откако на социјалните мрежи објави смело видео од плажа, на кое позира топлес додека безгрижно грицка чипс.
Во краткото видео, кое го сподели на својот профил, Клум носи само долен дел од бикини со зебрест дезен, голема сламена шапка и впечатливи очила за сонце. Градите ги покрива со едната рака и со кесичката чипс, додека опуштено ужива на сонцето.
Покрај неа лежи и нејзиното куче, кое исто така се одмора на плажата, а звукот на морските бранови создава вистинска летна атмосфера.
