Македонската пејачка и ќерка на легендарниот Гоце Арнаудов, Кристина Арнаудова, на социјалната мрежа Инстаграм напиша објава во која објасни зошто таа никогаш не гостува никаде.
-Пошто сега секој што има камера може да биде медиум, времето на неписмени мочковци е почнато. Сите што не можеле да станат било што, сега имаат поткаст.
И тие мочковци викаат јавни личности, реализирани и успешни и им се качат како пијавици и пробуваат со бедни и неписмени прашања да создадат популарност, неважно дека ќе те деградираат, ги заболе за вас, напиша таа.
Додаде дека тоа е одговорот зошто никогаш нема да гостува никаде.

