Тешко злосторство го потресе германскиот град Келкхајм, во покраината Хесен. Шеесетгодишен хрватски државјанин е осомничен дека на улица ја усмртил својата 58-годишна сопруга, исто така хрватска државјанка.
Според полицијата и обвинителството, нападот се случил во вечерните часови по претходна расправија. Жената била нападната со ладно оружје на јавно место, а починала на лице место.
Осомничениот бил задржан од минувачи кои го совладале и го задржале до пристигнувањето на полицијата. Тој потоа бил уапсен и треба да биде изведен пред истражен судија.
Сведоци на настанот опишале драматични сцени, а полицијата потврдила дека нападот предизвикал голем потрес кај присутните граѓани. На местото биле повикани и служби за психолошка поддршка за сведоците.
Мотивот за нападот сè уште не е официјално потврден. Германските власти продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности што довеле до трагедијата.
