Трагедија за време на прославата на светската титула: Загина 13-годишно момче во Шпанија

Тринаесетгодишно момче загина во градот Сиудад Родриго, во шпанската покраина Саламанка, за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство во фудбал.

Додека навивачите славеле кај фонтаната на кружниот тек „Глориета дел Арбол Гордо“, се урнал горниот дел од конструкцијата, кој паднал врз неколку лица што се наоѓале под него, пренесува шпанскиот јавен сервис RTVE, објави 4news.mk Поради трагичниот настан, градските власти прогласија тридневна жалост.

Две лица биле пренесени во Здравствениот центар во Сиудад Родриго. Едното од нив било малолетно момче, кое им подлегнало на повредите во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e