Жена е тешко повредена откако била погодена од гром на плажата во Башка, на хрватскиот остров Крк, за време на силно невреме.
Несреќата се случила околу 7:10 часот, додека жената носела чадор за сонце. Спасувач на плажата веднаш ѝ укажал прва помош, по што со хеликоптер на Итната медицинска служба била пренесена во Клиничкиот болнички центар во Риека.
Од болницата потврдија дека таа е сместена на Одделението за интензивна нега.
Според неофицијални информации, станува збор за државјанка на Чешка.
