Како никогаш досега, говорот на омраза стана дел од нашето секојдневие.
Навреди. Пцовки. Закани. Организирани напади од вмровската партиска мрежа на ботови, чија единствена цел е да замолчат некого.
Не напаѓаат само политичари.
Се напаѓаат нашите семејства, деца, пријатели.
Се шири омраза што го труе целото општество.
Би сакал да упатам три различни апели до три различни адреси.
Првиот апел е до Јавното обвинителство. Тоа е должно да реагира по повеќе основи, бидејќи содржината на ботовските напади ја надминува границата на политичка критика и претставува кривично дело.
Ние не бараме Обвинителството да гони луѓе поради политички ставови. Бараме да реагира кога организирани мрежи на ботови шират омраза, закани и повици на насилство.
Вториот апел е до ВМРО. Ајде да водиме битка со идеи, платформи, со програми, реформи.
Не мора да се согласуваме, не мора да бидеме пријатели. Но мора да останеме луѓе.
Третиот апел е до оние кои се најважни. До граѓаните.
Ајде заедно да кажеме СТОП на овие вмровски ботови и на овој начин на комуникација, преполна со навреди и повици за насилство.
Кога омразата станува нормална- насилството неминовно станува следниот чекор.
Македонија заслужува политичка борба со аргументи.
ФБ став на Андреј Жерновски
