На 29 август, Градскиот стадион во Крива Паланка ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани ова лето – концертот на балканската музичка ѕвезда Лепа Брена.
Легендарната пејачка, чии хитови со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл исполнет со безвременски песни и незаборавна атмосфера.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека градот уште еднаш се потврдува како домаќин на големи настани и место каде се создаваат незаборавни доживувања.
„Со особена чест го најавуваме настапот на Лепа Брена, музичка икона која оставила неизбришлива трага на балканската сцена. На 29 август нашиот град ќе биде центар на музичките случувања во регионот и уверен сум дека сите заедно ќе бидеме дел од вечер што долго ќе се памети“, изјави Митовски.
Концертот се очекува да привлече бројни посетители од земјава и од регионот, претворајќи ја Крива Паланка во вистински музички центар на Балканот.
