IPortal https://iportal.mk Информативен портал Fri, 28 Aug 2026 08:09:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.5.32 https://iportal.mk/wp-content/uploads/2016/08/favico_iportal.jpg IPortal https://iportal.mk 32 32 Катастрофа во Непал: Над 350 загинати и преку 1.400 исчезнати https://iportal.mk/svet/katastrofa-vo-nepal-nad-350-zaginati-preku-1-400-ischeznati/ Fri, 28 Aug 2026 08:03:24 +0000 https://iportal.mk/?p=356334

Повеќе од 350 луѓе загинаа, а над 1.400 се водат за исчезнати по катастрофалните поплави што го погодија хималајскиот регион на границата меѓу Непал и Тибет. Спасувачките екипи и натаму

The post Катастрофа во Непал: Над 350 загинати и преку 1.400 исчезнати appeared first on IPortal.

]]>

Повеќе од 350 луѓе загинаа, а над 1.400 се водат за исчезнати по катастрофалните поплави што го погодија хималајскиот регион на границата меѓу Непал и Тибет. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во областите затрупани со кал, камења и остатоци.

Според најновите податоци, најмалку 359 тела се пронајдени во Непал, додека уште три жртви се потврдени во кинески Тибет. Меѓу исчезнатите има стотици странски државјани, туристи и верници кои патувале кон светото место Каилаш Мансаровар.

Катастрофата започнала на 26 август, кога се урнал дел од глечер високо во Хималаите. Огромна маса мраз, карпи и земја се спуштила во долината, привремено блокирала река, а потоа предизвикала разорен бран од вода и наноси кој со огромна брзина се движел низ населени места.

Особено тешко е погоден непалскиот округ Расува, каде водата од Бхоте Коши и Тришули однела куќи, патишта и мостови. На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа почетокот на поројот и работници кои во последен момент бегаат кон повисок терен. Според локалните медиуми, тие успеале да се спасат.

Во погодените области се ангажирани илјадници припадници на војската, полицијата и спасувачките служби, а хеликоптери се користат за евакуација и доставување храна и медицинска помош до отсечените населени места. Дополнителен ризик претставуваат новоформираните езера и блокираните речни текови, кои би можеле да предизвикаат нови поплави.

Експертите предупредуваат дека забрзаното топење и нестабилноста на хималајските глечери, поврзани со глобалното затоплување, го зголемуваат ризикот од вакви ненадејни и разорни природни катастрофи.

The post Катастрофа во Непал: Над 350 загинати и преку 1.400 исчезнати appeared first on IPortal.

]]>
Сообраќајка пред Кичево: Се судрил со полициски автомобил, четири лица се повредени https://iportal.mk/lokalno/soobrakjajka-pred-kichevo-se-sudril-policiski-avtomobil-chetiri-lica-se-povredeni/ Fri, 28 Aug 2026 07:55:14 +0000 https://iportal.mk/?p=356332

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во средата во 18:20

The post Сообраќајка пред Кичево: Се судрил со полициски автомобил, четири лица се повредени appeared first on IPortal.

]]>

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во средата во 18:20 часот во ОВР Кичево, а се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д.Р. од Скопје, и „рекстон“, сопственост на МВР.

Во судирот со телесни повреди се здобиле четворица сопатници од „шаранот“ – У.Ж. (67), У.Ж. (70) и Л.Т. (44), сите од струшкото село Велешта, како и Б.А. (22) од Скопје.

Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Кичево.

The post Сообраќајка пред Кичево: Се судрил со полициски автомобил, четири лица се повредени appeared first on IPortal.

]]>
Денеска е Успение на Пресвета Богородица, празник на мајката на животот https://iportal.mk/makedonija/deneska-e-uspenie-na-presveta-bogorodica-praznik-na-majkata-na-zhivotot-2/ Fri, 28 Aug 2026 06:05:25 +0000 https://iportal.mk/?p=297015

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана… Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што

The post Денеска е Успение на Пресвета Богородица, празник на мајката на животот appeared first on IPortal.

]]>

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

По раѓањето на Исус Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрeсение кај неговиот ученик и апостол свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела, како секоја мајка, над судбината на својот син. Од крстот Исус ѝ порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои ѝ рече на мајка си: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си ѝ се обратил со „Жено“ а не со „Мајко“? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така ѝ се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе ѝ нанеле и нејзе некое зло“.

За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните, апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила св. Игнат Богоносец во Антиохија, св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора којашто во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус итн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак.

Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос ѝ пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што ѝ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега ѝ кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. Ѝ предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде.

На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот, Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица кон небото. Лицето ѝ светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите.

Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале да ја растурат, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството.

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот, но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак, празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение.

На иконите Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Голема Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Марко КИТЕВСКИ
(Од книгата „Македонски црковно-народен календар“)

The post Денеска е Успение на Пресвета Богородица, празник на мајката на животот appeared first on IPortal.

]]>
Внимавајте! Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември https://iportal.mk/makedonija/vnimavajte-zabranata-za-dvizhenje-vo-shumite-prodolzhena-30-septemvri/ Fri, 28 Aug 2026 06:04:41 +0000 https://iportal.mk/?p=356329

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00

The post Внимавајте! Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември appeared first on IPortal.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24 часот на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.

Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, а ќе трае од 1 до 30 септември.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување – Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми, како и за субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.

Од ЈП Национални шуми укажуваат дека за движење низ парк шумите (на пр: Водно) и националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со овие територии.

The post Внимавајте! Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември appeared first on IPortal.

]]>
Бесплатни паркинг простори во Крива Паланка за посетителите за празникот https://iportal.mk/lokalno/besplatni-parking-prostori-vo-kriva-palanka-za-posetitelite-za-praznikot/ Fri, 28 Aug 2026 06:03:30 +0000 https://iportal.mk/?p=356326

Во пресрет на големиот празник Успение на Пресвета Богородица и празникот на свети Јоаким Осоговски, патрон-заштитник на Општина Крива Паланка, како и закажаниот музички настан што ќе се одржи на

The post Бесплатни паркинг простори во Крива Паланка за посетителите за празникот appeared first on IPortal.

]]>

Во пресрет на големиот празник Успение на Пресвета Богородица и празникот на свети Јоаким Осоговски, патрон-заштитник на Општина Крива Паланка, како и закажаниот музички настан што ќе се одржи на 29 август на градскиот стадион во Крива Паланка, општината обезбеди повеќе бесплатни паркинг зони, со цел безбедно и организирано пристигнување на посетителите и непречено одвивање на сообраќајот.

Паркинг-просторите се распоредени на повеќе локации во и околу централното градско подрачје, а за полесна ориентација на граѓаните и посетителите е подготвена и мапа со сите паркинг зони и директни линкови за навигација до секоја од локациите.

Од општината нагласија дека на 29 август сообраќајот ќе се одвива по кружен режим, согласно поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

-Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воспоставениот режим, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот и намалување на сообраќајниот метеж. Општина Крива Паланка апелира до сите учесници во сообраќајот да пристигнат навреме, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги следат насоките на надлежните служби, со цел безбедно и ефикасно регулирање на сообраќајот во услови на очекувана зголемена фреквенција. Воедно, упатуваме апел до нашите сограѓани да бидеме добри домаќини – доколку се во можност, на 29 август да ги остават своите возила дома и да овозможат повеќе расположлив паркинг-простор за гостите кои ќе пристигнат во нашиот град, се наведува во соопштението од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму повикуваат на одговорно однесување, меѓусебно разбирање и почитување на насоките, со цел безбеден, организиран и убав празничен ден во Крива Паланка.

The post Бесплатни паркинг простори во Крива Паланка за посетителите за празникот appeared first on IPortal.

]]>
Тешка несреќа во Словенија: Загинаа тројца македонски државјани https://iportal.mk/makedonija/teshka-nesrekja-vo-slovenija-zaginaa-trojca-makedonski-drzhavjani/ Fri, 28 Aug 2026 06:00:25 +0000 https://iportal.mk/?p=356324

Тројца македонски државјани ја изгубија животa во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на Приморскиот автопат во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда во правец кон Копер. Според информациите

The post Тешка несреќа во Словенија: Загинаа тројца македонски државјани appeared first on IPortal.

]]>

Тројца македонски државјани ја изгубија животa во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на Приморскиот автопат во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда во правец кон Копер.

Според информациите од Полициската управа Копер, несреќата била пријавена во 16:28 часот. Според првичните сознанија, патничко возило во кое се превезувале десетмина македонски државјани удрило во задниот лев дел од камион кој поради дефект бил паркиран во сообраќајната ниша.

Лекарот на лице место ја констатирал нивната смрт, додека преостанатите двајца патници се тешко повредени. Еден од нив итно со хеликоптер е пренесен во болница, додека возачот на патничкото возило е транспортиран со возило на итна помош.

На местото на несреќата се излезени дежурен јавен обвинител и истражен судија за да раководат со увидот.

Автопатот во правец кон Копер е целосно затворен за сообраќај, што предизвика долга колона и застој. Возилата се пренасочуваат на регионалните патишта преку излезот Унец, а товарните возила се исклучуваат кај Логатец. Поради слетувањето на медицинскиот хеликоптер, автопатот краткотрајно беше блокиран и во спротивниот правец кон Љубљана.

Словенечката полиција ги апелира сите возачи кои се заглавени во колоната да не ги напуштаат своите возила од безбедносни причини и да овозможат премин за службените возила. Соодветните власти најавија дополнителни детали штом завршат првичните истражни дејствија.

The post Тешка несреќа во Словенија: Загинаа тројца македонски државјани appeared first on IPortal.

]]>
Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство https://iportal.mk/sport/shahistkite-na-shk-alkaloid-ja-odbranija-shampionskata-titula-na-ekipnoto-drzhavno-prvenstvo/ Thu, 27 Aug 2026 17:25:11 +0000 https://iportal.mk/?p=356318

Фармцевтките освоија 11 од 12 можни бодови, притоа ремизирајќи само на последниот меч против ШК Прилеп во седмото коло. Прашањето за титулата беше решено во петтата рунда со победата над

The post Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство appeared first on IPortal.

]]>

Фармцевтките освоија 11 од 12 можни бодови, притоа ремизирајќи само на последниот меч против ШК Прилеп во седмото коло. Прашањето за титулата беше решено во петтата рунда со победата над клубот кој е најголем ривал во борбата за титулата, кога дамите на ШК Алкалоид го совладаа МШК Центар со 2,5 : 1,5. Во сите седум кола шахистките поединечно останаа непоразени, со исклучок на ИМ Лела Јавакашвили, која во директен дуел на првата табла загуби од ЖВМ Белослава Крастева. Во шампионскиот тим, покрај Грузијките Јавакашвили и Котенашвили, беа и ЖФМ Моника Стојкоска (2076), ЖИМ Габриела Коскоска (2.012), ЖФМ Моника Жежовска (1990) и Леа Ефтовска (1874).

WIM Gabriela Koskoska - Struga 2026

На табелата, по најсилните две екипи, следуваат ШК Неготино со 8 бода и ШК Прилеп со 7 бода.

– Освен во клучниот меч за титулата, на ова првенство беше забележливо дека имаше поголем квалитет, што на крајот кулминираше како борба за третото место. ШК Неготино беше исклучително добро подготвен и екипиран, а веднаш зад него беше и ШК Прилеп. Во мечот за првото место, на првите табли знаевме дека постои баланс меѓу нашите интернационалки и оние кои играа за МШК Центар, така што очекувавме дека мечот ќе биде добиен на вторите две табли и тука успеавме да создадеме предност и да го добиеме домашниот дуел – вели ВМ Влатко Богдановски, кој е капитен на женскиот тим на ШК Алкалоид.

Lea Eftovska - Struga 2026

ШК Алкалоид е на најдобар пат да ја одбрани двојната круна, со оглед на тоа дека машкиот тим, исто така, е на добар пат да стигне до одбрана на титулата откако во шестото коло извојува победа над ШК Гамбит со 3,5 : 2,5. Во крајно исцрпувачки и долг меч, на пет табли беа одиграни реми-натпревари, додека, пак, на втората табла ВМ Велимир Ивиќ ја искористи предноста на белите фигури и освои цел поен против холандскиот велемајстор Томас Бердсен.

001 Multi Essence - Mateo Eftovski - Struga 2026

Младиот шаховски тим Мулти Есенс по шест кола го дели четвртото место со ШК Нов напредок од Штип бидејќи и двата клуба имаат по шест бода (три победи и три порази), но, во согласност со ждребот, треба да се сретнат до крајот на првенството и да ја решат неизвесноста преку директен дуел.

The post Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство appeared first on IPortal.

]]>
„Дивеела“ во Баглак и нападнала полицајци – Уапсена 22-годишна паланчанка https://iportal.mk/lokalno/diveela-vo-baglak-napadnala-policajci-uapsena-22-godishna-palanchanka/ Thu, 27 Aug 2026 13:05:49 +0000 https://iportal.mk/?p=356316

На 26.08.2026 во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода В.С.(22) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во населба „Баглак“ во

The post „Дивеела“ во Баглак и нападнала полицајци – Уапсена 22-годишна паланчанка appeared first on IPortal.

]]>

На 26.08.2026 во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода В.С.(22) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во населба „Баглак“ во Крива Паланка го нарушила јавниот ред и мир, по што се однесувала агресивно и физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против неa ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post „Дивеела“ во Баглак и нападнала полицајци – Уапсена 22-годишна паланчанка appeared first on IPortal.

]]>
Жена пронајдена почината во стан во Скопје https://iportal.mk/lokalno/zhena-pronajdena-pochinata-vo-stan-vo-skopje/ Thu, 27 Aug 2026 12:25:37 +0000 https://iportal.mk/?p=356314

Во стан во Скопје пронајдена е почината 65-годишна жена, телото е предадено за обдукција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 9:35 часот во СВР – Скопје

The post Жена пронајдена почината во стан во Скопје appeared first on IPortal.

]]>

Во стан во Скопје пронајдена е почината 65-годишна жена, телото е предадено за обдукција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 9:35 часот во СВР – Скопје е пријавено дека во стан на булевар „АСНОМ“ во градот е пронајдена почината Д.В., 65-годишна скопјанка. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција – информираа од МВР.

The post Жена пронајдена почината во стан во Скопје appeared first on IPortal.

]]>
Шестмесечно бебе од скопско донесено починато во Поликлиниката Драчево https://iportal.mk/lokalno/shestmesechno-bebe-od-skopsko-doneseno-pochinato-vo-poliklinikata-drachevo/ Thu, 27 Aug 2026 12:04:35 +0000 https://iportal.mk/?p=356312

Шестмесечно бебе од скопско било донесено починато во Поликлиниката Драчево, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен вчера, околу 21:15 часот, во СВР Скопје. Лекар извршил преглед и констатирал

The post Шестмесечно бебе од скопско донесено починато во Поликлиниката Драчево appeared first on IPortal.

]]>

Шестмесечно бебе од скопско било донесено починато во Поликлиниката Драчево, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен вчера, околу 21:15 часот, во СВР Скопје. Лекар извршил преглед и констатирал смрт, при што на телото на бебето не биле забележани видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

The post Шестмесечно бебе од скопско донесено починато во Поликлиниката Драчево appeared first on IPortal.

]]>