ИНТЕНЗИВНИ СОСТАНОЦИ ВО ВАШИНГТОН ПОСВЕТЕНИ НА ЈАКНЕЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО ПОМЕЃУ С.МАКЕДОНИЈА И САД! Пратеници од четири парламентарни партии учествуваат во програмата Open World

Пратеници од Македонското Собрание учествуваат во програмата Open World на Конгресот на Соединетите Американски Држави.

Предвидени се средби со членови на Претставничкиот дом од Републиканската и Демократската партија, претставници на Конгресот, федерални и државни институции како и влијателни организации и наши пријатели кои имаат значајна улога во развојот на демократските процеси.
САД се еден од нашите најважни стратешки партнери и пријатели. Овие контакти и средби се значајни за унапредување на соработката и за промоција на интересите на Македонија.
750597537_1885327885793140_3479253751781727053_nПратеникот од СДСМ Љупчо Николовски е еден од учесниците на оваа програма.
Тој објави дека имаат остварено средби во Вашингтон со конгресмените Rep. Claudia Tenney , Rep. Ritchie Torres како и Congresswoman Dina Titus.
– Особено ми беше драго што се сретнав и со големиот пријател на Македонија, проф. Sam Potolicchio од Georgetown University. Интензивни состаноци, бројни контакти и содржајни разговори посветени на натамошното јакнење на партнерството меѓу Македонија и САД, како и на американската поддршка за нашите стратешки цели и европската перспектива – визија што ја градиме за сегашните и идните генерации, посочи Николовски.
752782135_1575477500612747_353261385768565512_n
754235145_1575477517279412_7535068301817006658_n
754715027_1575477433946087_1167907278865670020_n
754066377_1575477547279409_3208070081418470244_n
754498201_1575477480612749_2270547718973899044_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e