Тешка несреќа се случила во белградската општина Гроцка, во населбата Бегалица, каде што татко случајно го прегазил својот 1,5-годишен син со трактор во дворот на семејната куќа.
Според првичните информации, несреќата се случила додека таткото го стартувал тракторот со намера да прикачи работна машина. Во тој момент, детето кое било во дворот со таткото и дедото, се нашло веднаш до возилото и било прегазено без да биде забележано.
Лекарите се борат за животот на детето, кое веднаш по несреќата било пренесено во здравствена установа, а потоа итно транспортирано во болница во Белград.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на утврдување на сите околности околу трагедијата.
