Грција објави интерактивна мапа што го прикажува ширењето на опасната риба-зајак (Lagocephalus sceleratus) во Егејското и Јонското Море.
Експертите предупредуваат пливачите да не ја допираат рибата, а рибарите да не ја консумираат, бидејќи содржи смртоносен токсин кој не се уништува ниту со термичка обработка.
Како мерка за заштита, грчките власти воведоа субвенции за професионалните рибари за секој уловен килограм од овој инвазивен вид, а на дел од популарните плажи се поставуваат и пловечки заштитни бариери за поголема безбедност на капачите.
