Трагичен настан ја потресе католичката заедница во Словенија откако свештеникот Роберт Емершич починал по реакција на убод од оса за време на света миса во Планица.
Од жупата „Свети Јожеф Делавец“ во Раче соопштија дека нивниот жупник, познат меѓу верниците како Роби, починал на 14 јуни поради тешка реакција на убодот. По неговата смрт биле организирани простување, молитви и погребни церемонии во повеќе жупи.
Од жупата истакнаа дека животот продолжува, но дека неговото заминување оставило голема празнина меѓу верниците, кои се простија од него со порака: „Драг жупнику Роби, почивај во мир“. Пренесуваат словенечките медиуми.
