Во американската сојузна држава Аризона, 18-месечно момче било прогласено за мртво по давење во базен, но пет часа подоцна било пронајдено со знаци на живот.
Детето било пренесено во болница каде лекар констатирал смрт, но при преземањето на телото службениците забележале дека сè уште дише. Момчето веднаш било префрлено со хеликоптер во друга болница, каде успешно закрепнало и подоцна било пуштено на домашно лекување.
Надлежните институции спроведуваат истрага за случајот, а болницата соопшти дека ги преиспитува сите процедури. Полицијата, исто така, разгледува можност за покренување постапка против родителите поради сомневање за несовесност.
