Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија ги загуби претстојните избори.
Во интервју за ТВ „Прва“, Вучиќ рече дека изборите би можеле да се одржат кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година, додавајќи дека не се плаши од можен пораз.
„Ќе им честитам ако победат, но ќе им се смеам во лице – и од притвор, и од затвор, и од гроб“, изјави Вучиќ.
Изјавата доаѓа во период на повеќемесечни протести во Србија, предводени од студенти и дел од опозицијата, кои бараат предвремени избори и обвинуваат за корупција и слабеење на институциите.
Вучиќ најави дека СНС ќе настапи со помлада изборна листа, но истовремено призна дека власта мора да ги слуша критиките од незадоволните граѓани.
