Трагедија во Бања Лука: Шестгодишно дете загина во пожар во семејна куќа објави Скопје1.мк

Шестгодишно дете го загуби животот, а повеќе лица се повредени во голем пожар што денеска избувна во семејна куќа во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Според информациите од надлежните служби, пожарот бил пријавен околу 10:30 часот на улицата „Караѓорѓева“ во населбата Лауш. По пријавата, на местото веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба, Итната медицинска помош и полицијата.

Од Противпожарно-спасувачката бригада потврдија дека во пожарот загинало едно дете, додека неколку лица се здобиле со повреди.

Пожарникарите интервенирале по дојава дека во објектот има лица заробени од огнот. Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а надлежните институции започнаа истрага за утврдување на околностите на трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e