Повторно приведен капетанот на Викинг Сигин

Капетанот на бродот „Викинг Сигин“, кој учествуваше во судирот со туристичкиот брод „Сирена“ на реката Дунав во мај, при што загинаа 28 лица, повторно е уапсен поради загриженост дека може да се обиде да избега пред судењето, соопштија денеска унгарските обвинители.

Капетанот (64), идентификуван само како Јуриј Ц, беше обвинет од страна на обвинителите во Будимпешта за несовесно загрозување на водниот сообраќај, што доведе до фатална масовна катастрофа и 35 обвиненија за пропусти при давање помош.

Обвинителите бараат деветгодишна затворска казна.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e