СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од с.Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера.
Набргу потоа, тие биле пронајднеи и лишени од слобода.
