Обвинителството бара речиси 18 години затвор за родителите на Коста Кецмановиќ –

Вишиот суд во Белград за 18 јуни го закажа објавувањето на пресудата во случајот против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое во мај 2023 година изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“.
Обвинителството побара максимални законски казни, односно единствена казна од 14 години и 11 месеци затвор за таткото и три години затвор за мајката, поради сериозни пропусти во родителскиот надзор, воспитувањето и овозможување пристап до оружје.
Според обвинителството, трагедијата не била резултат на изолиран инцидент, туку на долгорочен неуспех во контрола и препознавање на предупредувачки знаци.
Одбраната на обвинетите ги отфрла наводите и бара ослободителна пресуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e