Бројот на жртви во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините се искачи на 15, соопшти филипинската Канцеларија за цивилна заштита.
Според Родриго Сосмења, директор на локалната канцеларија за цивилна заштита, дури 12 смртни случаи биле регистрирани во регионот Соцсксарген, кој ги опфаќа провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани и градот Генерал Сантос.
Сосмења додаде дека најмалку 129 лица се повредени во регионот, додека спасувачките и службите за итни случаи продолжуваат да ја проценуваат големината на штетата и да бараат можни жртви.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди јужниот брег на Филипините, предизвикувајќи предупредувања за цунами и серија силни потреси. Властите апелираат до населението на будност додека продолжуваат спасувачките операции и се проценуваат последиците од една од најсилните природни катастрофи што го погодиле тој дел од земјата во последните години.
