Мугабе ќе биде погребан во мавзолеј во Хараре за околу 30 дена

Странски лидери, следбеници и граѓани денеска се собраа на националниот стадион во Хараре за да му одадат почит на основачот на Зимбабве, Роберт Мугабе, по речиси една недела кавги околу неговиот погреб.

Мугабе, кој со Зимбабве владееше цели 37 години, додека војската не го собори од власт во 2017 година, умре пред една недела во болница во Сингапур, на 95годишна возраст, пренесоа британските медиуми.

Мугабе ќе биде погребан во мавзолеј во Хараре за околу 30 дена, бидејќи објектот треба да се изгради во алејата на народните херои, соопшти негов роднина, што е спротивно на претходните информации дека неговиот погреб ќе биде утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e