Кина ослободува американски производи од царински давачки

Кина денеска објави список на американски производи кои ќе бидат ослободени од дополнителните царини воведени минатата година, во рамки на трговската војна со Вашингтон.

Овој потег беше најавен пред планираните трговски разговори меѓу Пекинг и Вашингтон во октомври, чија цел е да се стави крај на трговско-технолошката борба меѓу двете земји.

Ослободувањето од царина ќе опфати 16 категории производи, а ќе важи од 17 септември за една година, соопшти Царинската комисија на кинеската Влада.

Опфатените производи се движат од пестициди, до лубриканти и одредени фармацевтски производи.

Кина, сепак, ги задржа дополнителните царини кои се движат од 25 отсто на соја и стотици други производи.

Ова е првпат Кина да објави список на даночни ослободувања од воведувањето дополнителни 25 проценти данок на серија производи увезени од САД минатата година.

Кинеската Влада денеска прецизираше дека другите списоци на производи ослободени од дополнителни царини ќе бидат објавени наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e