Градоначалникот на Љубљана затајувал данок

Словенечката финансиска полиција упишала хипотека на семејната куќа на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ за да ја обезбеди наплатата на потенцијален долг од 335.000 евра, настанат од даночно затајување.Постапката, со која практично се блокира нечиј имот за лицето да не може да го продаде, е вообичаена за даночниците да можат да ја утврдат обврската од дополнителни даночни обврски и за да се обезбеди наплатата пред завршувањето на целата постапка, јави Хина, повикувајќи се на словенечкиот портал Сиол. нет.

Јанковиќ, некогашен директор на „Меркатор“ и бизнисмен, веќе четврти мандат е градоначалник на Љубљана.Официјално не се кажува на што и на кои бизниси се однесува потенцијалниот даночен долг, но порталот наведува дека постапката е отворена веќе трета година, а се однесува на парични трансакции меѓу Јанковиќ и неговите два сина, на кои официјално им ја продал својата компанија „Електра“, а потоа од нив, односно од „Електра“, назад примил огромни износи како рати за уплата на долг од осум милиони евра.

Синовите парите на компанијата му ги префрлале на таткото и тогаш кога „Електра“ влегла во неликвидност, заради што остантите нејзини доверители безуспешно ги очекувале своите пари.

Со примените пари Јанковиќ намирувал и некои долгови на другите свои фирми, наведува порталот.

Даночниците оцениле дека средствата што на својата сметка ги добивал Зоран Јанковиќ не се поврат на кредитот што им го дал на синовите, туку негов личен приход, што подлежи на оданочување, наведува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ