Европејците не ги исполнија обврските од договорот кон Иран

Европејците не успеаја целосно да ги исполнат своите обврски кон иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мoхамед Џавад Зариф, како одговор на предупредувањето од Унијата, која побара од Техеран да се придржува кон договорот или ќе има последици.

– Целосно исполнување на обврските. Навистина? Ајде покажете една што вие сте ја исполниле во последните 18 месеци. Иран го придвижи механизмот за решавање на спорови, а вие одолговлекувавте. Ние сега се повикуваме на членот 36, напиша Зариф на Твитер.

Иран наведува дека според членот 36 од договорот му се овозможува да ги намали своите обврски, бидејќи останатите потписнички не се придржуваат. ЕУ тоа го оспорува.

Некои ирански претставници предупредија дека евентуално ново воведување санкции од страна на ЕУ и ОН, за Иран ќе претставува црвена линија која може да доведе до пропаст на договорот.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e