Двегодишно дете случајно ја убило својата мајка

Јулија Шарко, се обидувала да ја извади двегодишната ќерка од автомобилот „БМВ“ низ полуотворен прозорец на совозачката страна. Во тој момент детето го притиснало копчето за автоматско затворање на прозорецот, при што вратот на младата мајка бил стегнат, а таа подолго време останала без воздух.

Таткото ги нашол ќерката и мајката која била без свест, го скршил прозорецот и ја извлекол жената. Таа била пренесена во болница, но по осум дена починала поради задушувањето коешто довело до изумирање на мозокот.

Јулија загинала на нејзиниот 21. роденден откако претходно славела со своите пријателки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ