Затворена градинка во Шведска, дете донело граната од полигон

Припадници на шведскиот специјален тим затворија претшколска установа во Кристинајштад, Шведска, откако едно дете донело граната.

Полицијата е повикана откако вработените во градинката, по заминувањето на децата дома, виделе сомнителен предмет. Утврдено е дека станува збор за граната, поради што е повикан специјален тим за деминирање, пренесува Си-Ен-Ен.

Портпаролот на полицијата изјави дека предметот наликува на пушка, но дека е во округла форма, и дека тимот го демонтирал во градинката, бидејќи било проценето дека е „многу опасно да се преместува”.

Детето ја пронашло експлозивната направа на пологон, каде што војската ја користела за вежби.

– Војската користи големи отворени простори за вежбање, но неколку пати годишно тие се отворени за јавноста кога нема пукање. На луѓето обично им се вели да не допираат ниту еден од предметите, рече портпаролот.

Засега не е познато кое дете го донело предметот во градинката. Портпаролот рече дека станува збор за деца помали од седум години и дека случајот е затворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ