Почина екс потпретседателот на Антикорупциска

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија.

Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами.

Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2.

Во текот на кариерата работел и во Генералниот секретаријат на Владата како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност.

Тој, исто така, работел и во Министерството за правда како виш соработник за односи со јавноста и како службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Во Општина Гостивар ги вршел функциите раководител на Одделение за управување со човечки ресурси и службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Семејството соопшти дека погребот ќе се одржи денес, по попладневната молитва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e