Македонија денес ќе биде под влијание на сончево и исклучително топло време, со мала до умерена облачност во текот на денот. Највисоките дневни температури ќе достигнат од 33 до дури 39 степени, додека утринските ќе се движат меѓу 13 и 22 степени.
Во попладневните часови во одредени делови од земјата постои можност за краткотрајна појава на пороен дожд, грмежи и локално нестабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.
Во Скопје времето ќе остане претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во попладневните часови во одделни делови од котлината се можни краткотрајни врнежи и грмежи. Температурата во главниот град ќе се движи од околу 20 степени во утринските часови до максимални 38 степени во текот на денот.
