Без положено предизвикал сообраќајка кај Тетово – четворица повредени, меѓу кои и мало дете

25-годишник од тетовско Требош предизвикал сообраќајна несреќа, а не поседувал возачка дозвола. Во несреќата повредени се вкупно четири лица, од кои едното е тригодишно дете.

-Вчера во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. Палатица. При тоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото „мерцедес“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово, а со телесни повреди се здобиле В.И. (46) и тригодишно дете, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, а по документирање на случајот, против С.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од Министерство за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e