Словенија се соочува со сериозен недостиг на работна сила во туризмот и угостителството, особено пред летната сезона. Според проценките на индустријата, недостигаат повеќе од 10.000 работници.
Властите и стопанските комори предупредуваат дека секторот е под притисок поради раст на трошоците за плати, енергија и услуги, како и геополитички и пазарни фактори што влијаат на туристичкиот проток. Иако се очекува добра сезона, компаниите се соочуваат со намалена профитабилност и ограничени можности за инвестирање.
За да се надмине проблемот, дел од решенијата се насочени кон полесно ангажирање странски сезонски работници, но процедурите за вработување сè уште се бавни. Најбарани се работници од Балканот, но сè почесто се ангажираат и работници од Азија.
