За време на нередите во САД уапсени над 7.200 луѓе

Повеќе од 7.200 луѓе беа уапсени за време на немирите што се случија во 43 американски градови минатиот викенд.

Според Би Би Си, уапсените биле, меѓу другото, и обвинети за провални кражба, подметнување пожар, тешки физички напади и учество во немири.

Апсењата се случија откако протестите против полициската бруталност кон Афроамериканците се проширија низ целата земја, а многу од тие демонстрации се претворија во насилство, со случаи на вандализам, подметнување пожари и грабежи.

Собирајќи се и покрај полицискиот час, демонстрантите се судрија со полицијата во Вашингтон, Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско и други градови, а полицијата пукаше солзавец кон нив, по што беа обвинети за употреба на прекумерна сила

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e