Во Словенија откриени деца скриени во глина во обид илегално да ја преминат границата

Словенечката полиција на граничниот премин Добова кон соседна Хрватаска, откри 12 деца кои билe скриени во затворени вагони со глина.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, меѓу децата имало и 14-годишно девојче кое било бремено. Овие 12 деца се само дел од група во која имало 30 мигранти, а се обиделе илегално да влезат на словенечка територија. Најголем дел од нив биле од Ирак, Сирија, Иран и Авганистан.

Луѓето биле скриени во затворени вагони во кои немало доволно кислород. Веднаш се префрлени во медицинскиот центар во Брежице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e