(ВИДЕО) Уапсен маж кој со моторна пила им се заканувал на демонстрантите во Тексас

Човек со моторна пила мавтал кон демонстрантите во Тексас по што бил приведен и задржан во полиција, објави Ен-би-си Њуз.

На видеото кое е објавено на Твитер се гледа маж во црвена маица на долги ракави и фармерки мавта со моторна пила кон демонстрантите на плочник пред една продавница. До синоќа, видеото е прегледано речиси милион пати.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, на видеото може да се слушне како извикува да се тргнат додека мавта со моторната пила.

Oд полицијата рекле дека човекот е задржан во станица и дека истрагата е во тек. Но повеќе детали нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e