(ВИДЕО) Еквадор со песна го дочека првиот случај на коронавирус, нумерата стана хит!

Република Еквадор вчера до дочека првиот случај на коронавирус во земјата со песна. Набргу по официјалното соопштение дека во земјата е забележан првиот позитивен случај на смртоносниот вирус, беше објавена песната ,,Коронавирус” со видео спот за истата, пренесува Фокус.

Во спотот, медицински лица танцуваат и низ игра ги пренесуваат препораките на властите за заштита од вирусот.

-Ете, во Еквадор така гледаат на нештата. Видеото и песната се направени со цел да го едуцираат населението како да се заштити од вирусот, односно се препорачува редовно миење на рацете и зголемена хигиена, како еден вид на превенција – раскажале нашинци кои живеат во Еквадор, Јужна Америка.

Велат дека забавната и весела песна е со цел да ја намали и паниката која би можела да биде предизвикана кај населението поради вирусот.

Она што е интересно е дека песната за само неколку часа стана хит. Масовно се споделува, и набргу по објавата доби над еден милион прегледи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e