Тепачка во тајванскиот Парламент

Во Парламентот на Тајван денеска се случи тепачка кога членовите на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) влегоа во салата која во текот на ноќта беше опколена од членовите на најголемата опозициска Кинеска националистичка партија (КМТ), во знак на протест против „владината тиранија“.

Повеќе од 20 пратеници на КМТ ја окупираа собраниската сала во текот на ноќта и го блокираа влезот со столови, велејќи дека владата се обидува да изврши притисок преку законите и побараа претседателот Цаи Инг-вен да ја повлече номинацијата на блиската соработничка Чен Чу за шеф на владиното надзорно тело.

До судирот дојде откако пратениците на ДПП ги пробија барикадите и го опколија главниот подиум каде се собраа членовите на опозицијата.

Инцидентот заврши со тоа што пратениците на КМТ стоеја пред подиумот, а нивните колеги од ДПП зад нив, наизменично извикајќи слогани.

Тајван е познат по честите тепачки во Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e