СЗО проверува друг пазар во Вухан за појавата на коронавирусот

Експертите од Светската здравствена организација ја проверуваат верзијата дека коронавирусот можеби се појавил на друг пазар за храна во Вухан.

Според „Волстрит журнал“, експертите не успеале да воспостават врска помеѓу „нултиот пациент“ и пазарот Хуанан, кој се смета за епицентар на првото избувнување на коронавирусот.

Според изданието, Чан, жител на Вухан, кај кого беше детектиран коронавирус на 8 декември 2019 година, за мисијата на СЗО изјавил дека неговите родители купуваат од друг пазар за храна. Како резултат, експертите сугерираат дека вирусот е пренесен од животно на човек порано отколку што се сметаше и се проширил во Вухан пред појавата на огништето на пазарот во Хуанан.

Тестовите на родителите на нулта пациентот биле негативни, но не е познато кога биле извршени или дали биле тестирани за антитела.

Експертите на СЗО имаат намера да ја утврдат точната локација на овој пазар, како и да разјаснат дали постои врска помеѓу него и другите случаи на инфекција со коронавирус во Вухан во декември 2019 година. Мисијата на СЗО заедно со кинески експерти веќе утврдија дека некои од вкупно 174 случаи регистрирани во овој период се однесуваат на други трговски места во Вухан, но сè уште не ги соопштија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e