Србија втора во Европа и петта во светот според бројот на вакцинирани на милион жители

Според последните податоци на владата, во Србија 1.375.872 лица се вакцинирани против коронавирус, а двете дози на вакцината досега имаат примено 497.729 граѓани. Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија, а според процентот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцината, таа е прва во Европа. После Србија се Малта и Романија.

Во светот, Србија е на петтото место според бројот на вакцинации на милион жители, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија.

Според бројот на ревакцинирани на милион жители во светот, Србија е четврта, по Израел, Обединетите Арапски Емирати и Сејшелите.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Унгарија, Словенија и Хрватска и на прво место во регионот е и според бројот на ревакцинации на милион жители.

Медиумите објавија дека следната недела во земјата треба да пристигнат уште 500.000 дози на кинеската вакцина Синофарм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e