Скандал на состанокот Србија – ЕУ: Дачиќ вербално го нападнал Вархељ – еврокомесарот ја напуштил средбата

На состанкот меѓу еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ и српската премиерка Ана Брнабиќ и министрите дошло до непријатна ситуација кога министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ вербално ги нападнал гостите, кои потоа го напуштиле состанокот. Еден час пред Дачиќ да му се „заврти“ на Вархељ, разговорот течел потполно нормално, без високи тонови и непријатности, пишуваат српските медиуми.

Во еден момент Дачиќ зел збор и грубо му се обратил на Вархељ.

-Беше многу непријатен. Му рече дека не знае каде дошол, дека молчи додека некој ги присвојува српските манастири на Косово, дека молчи за таксите кои ги воведе приштина на српските производи, вели извор за „Блиц“.

Претседателката на Владата, како и министерката за ЕУ, Јадранка Јоксимовиќ и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ биле зачудени, а потоа Вархељ го вклучил микрофонот и му се обратил на шефот на српската дипломатија.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e