СЕКС СКАНДАЛ КОЈ ГИ „ЗАПАЛИ“ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Професорка спиела со пет ученици (ВИДЕО)

Фиона Виоти (30) спиела со момчиња во школото Биопс Дајосесан Колеџ во Кејптаун меѓу 2013 и 2019 година потврдила истрагата. Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужноафриканската република имала сексуална афера барем со пет ученици.

Секс скандалот го открил еден 18-годишен ученик, тврдејќи дека бил во „интензивна врска“ со неа и дека почнала да му врши притисок кога сакал да и раскине.

„Во почетокот се согласил на се, но станал жртва кога не можел да раскине. Професорката во почетокот му праќала пораки да се најдат кај неа во куќа, но достигнал ниво кога се му било доста, вели родител на ученик и додава дека таа не сакал да го остави на мир, па на крај отишле кај директорот.

Фиона ја користела можноста и да ги заведе тинејџерите и како тренер на ватерполо тимот, а неочекувано во октомври дала отказ, неколку дена пред обвиненијата да се појават во јавноста. Приватни детективи кои ги ангажирало училиштето откриле дека таа таргетирала полнолетни ученици барем шест години, пред и по венчавката со инвеститорот Паво Виоти (32). Пронашле и нејзини експлицитни снимки кои кружеле по интернет, но не откриле кому ги испраќала.

Професорката претходно се занимавала со манекенство и нејзини слики излегле во магазинот Sports Illustrated.

Локалните медиуми пишуваат дека нема да биде покрената дисциплинска постапка затоа што веќе дала отказ, но малку веројатно е дека некогаш ќе може да предава.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e