Шест починати и 300 инфицирани од Корона вирусот во Кина

Билансот на заразени според податоците на кинеските медицински власти се зголемил, до сега заразени се над 290. Поради алармантноста на ширењето на вирусот Светската здравствена организација за утре најави вонреден состаноксо цел да се процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.Од СЗО дополнително појаснуваат дека новиот вирус најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина, но и во други земји.

„ Во следните денови треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови од Кина и најверојатно и во другите земји“ – изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Во меѓувреме експертите ширум светот прогнозираат дека како најголем извор на вирусот е пазарот за морска храна и не ја исклучуваат можноста тој да се пренесува од човек на човек. Кинеските епидемиолози појаснуваат дека со соодветни здравствени мерки вирусот може да се контролира.

Тонско:Зенг Гуанг – главен емидемиолог, Кинески центар за контрола на болести и спречување

„ Голема е веројатноста дека појавата на епидемија може да се намали со интензивни мерки во раната фаза, но се неопходни координирани напори за превенција и контролни механизми на глобално ниво. “- изјавил главниот емидемиолог од Кинески центар за контрола на болести и спречување, Зенг Гуанг.

Во обид за изнаоѓање на вакцина против вирусот први се впуштиле од американскиот Национален институт за здравје работи пренесува Си-Ен-Ен. Дополнително, како што пренесуваат медиумите Русија е меѓу државите која најави дека ќе развива тест за предвремено откривање на новиот Корона вирус, најдоцна до февруари. Од македонското здравство претходно се изјаснија дека будно се следи ситуацијата со новиот корона вирус, и дека шансите тој да се пренесе во земјава се минимални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e