Се откачил рингишпил во Сомбор, 7 деца повредени

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор.

Локалните портали пренесуваат дека во текот на вртењето пукнал столб од рингишпил на кој имало деца. Притоа осум деца се повредени, а според информациите на „Блиц“, три се во потешка состојба.

Сите тие биле пренесени во болницата во Сомбор и не се во животна опасност. Главно имаат фрактури, модринки и истегнувања, пишува soinfo.org.

Повеќе информации за случајот ќе бидат познати во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e