САД им нареди на ситe крузери во американски води да останат на море

Крајбрежната стража на САД им нареди на сите крузери во американски води да останат на море поради епидемијата на Ковид-19.

Останувањето на крузерите на море може да се продолжи на неодредено време додека трае епидемијата. Патниците кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на копно во земјите каде што се регистрирани крузерите

Документот што ги содржи тие регулативи беше објавен на 29 март и се однесува на сите бродови во американските води кои можат да пренесат повеќе од 50 патници, јавија денеска американски медиуми.

Со наредбата се бара сите бродови во американски води да го пријават бројот на луѓе кои се болни и кои починале од новиот коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e