ОН: Руски официјални лица најверојатно вмешани во труењето на Навални

Експерти за човекови права на Обединетите нации денеска изјавија дека претставници на руската Влада многу веројатно се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални минатата година и тврдат дека намерата била да се даде „злобно предупредување” за да се замолчат неистомислениците.

„Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледната шема на обиди за убиства, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности околу труењето на Навални”, се наведува во заедничката изјава на експертите на ОН, Агнес Каламард и Ирене Кан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e