Партијата на Јанез Јанша ќе бара да се врати задолжителниот воен рок во Словенија

Партијата на Јанез Јанша преку предлог закон ќе побара повторно да се врати задолжителниот воен рок на словенечките граѓани. Според паријата на Јанша – СДС, служењето на воениот рок треба да трае една година, јави дописникот на МИА од Љубљана.

СДС за ова прашање веќе прави консултации со своите коалициски партнери, а подоцна договореното ќе го преточи во закон кој ќе го достави до Парламентот.

Пратеникот на СДС, Жан Махниќ изјави дека ќе предложат воениот рок да биде обврска за секој маж кој ќе наполни 18 години. За оние, пак, кои по средно образовение ќе решат да се запишат на факултет, воениот рок ќе почне по завршувањето на студиите и ќе трае исто така една година, односно од септември до септември.

Причина за потребата од задолжителен воен рок според СДС е да се зголеми и обучи воената резерва на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e