ПАНИКА ВО МОСКВА И САНКТ ПЕТЕРБУРГ: Закани за подметнати бомби

Непознати лица пријавиле дека се подметнати бомби во 13 окружни судови во Москва, додека слични пријави дошле и за повеќе од 20 метро станици во Санкт Петербург, соопштија руски официјални лица.

-Непознати лица утринава по електронска пошта пријавиле дека експлозивни направи се подметнати во 13 московски судови. Во овие судови веќе почнала евакуација и во нив се упатени итни служби за да ги проверат информациите за закани со бомба, соопшти прес службата на Градскиот суд во Москва.

Од 28 ноември регистрирани се повеќе вакви закани за судови, училишта, градинки и други објекти во главниот град на Русија, вклучувајќи го и храмот на „Христос Спасителот“, но на крајот сите овие пријави се покажаа како лажни.

Тасс наведува дека анонимните закани стигнуваат од странство, и тоа најверојатно од Украина, а изнудувачите барале парита да им бидат претворени во биткоини, за да не може да им се влезе во трага.

И судовите во Санкт Петербург примиле известување за закана со бомба и во тек е нивна евакуција, соопштија градските власти.

Во анонимното писмо, исто така, се предупредува на подметнати бомби во 22 станици од подземната железница.

Судовите, училиштата и трговските центри во Санкт Петербург пред две недели почнаа да примаат писма со закани за подметнати бомби.

Во писмата имало и закани 120 милиони рубљи или 1,8 милиони долари да им се префрлат во биткоини во „дигиталниот паричник“

Сите закани досега се покажаа како лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e