Оздраве 5-месечното бебе кое беше во кома 32 дена поради Ковид-19

Неколку месеци по раѓањето, на детето по име Дом му е дијагностициран ковид-19 во болницата Про-Кардиако во Рио де Женеиро.

Во болницата поминал 54 дена, од кои 32 во индуцирана кома и на респиратор, изјави за СиЕнЕн таткото на Дом, Вагнер Андраде.

„Имаше потешкотии со дишењето па лекарите сметаа дека станува збор за бактериска инфекција. Но лековите не дејстуваа и сѐ се влоши. Тогаш ја и мојата сопруга одлучивме да го однесеме во друга болница и таму го тестираа. Беше тоа коронавирус, раскажа таткото.

Останува нејасно како Дом се зарази. Можно е да бил изложен во текот на посета на роднините.

„Мојата сопруга го забележа овој шум на крајот на неговото дишење. Повикавме неколку лекари и еден од нив рече да го снимиме. Откако го виде, ни рече веднаш да го однесеме во болница“, рече таткото.

Андраде и неговата сопруга Вивиане Монтеиро велат дека враќањeто на Дом е „чудо“. Не може да опишат колку се среќни и дека едвај дочекале бебето конечно да го однесат дома.

„Првпат ми олесни, и чувстував неверојатна среќа“, вели Андраде и додава дека биле во исчекување да им се брати бебето цели 50 дена.

Дом сега на 14 јуни ќе го прослави шестиот месец од раѓањето и тоа заедно со родителите, а роднините само виртуелно ќе бидат околу него.

Бразил објави дека има најмалку 25 сртни случаи поврзани со ковид-19 меѓу бебиња помали од 12 месеци.

Последнава недела, Латинска Америка стана епицентар на глобалната пандемија. Со 465,166 потврдени случаи на вирусoт и 27,878 смртни случаи, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, Бразил е една од најпогодените земји во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e