Новата претседателка на Европската комисија Лејен го претстави новиот тим

Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го претстави составот на новата европска влада кој треба да биде одобрен и од Европскиот парламент.

-Унијата која се стреми кон повеќе! Денес, новоизбраниот претседател Урсула фон дер Лејен го претстави својот тим и новата структура на следната Европска комисија.

„Мојата комисија ќе биде геополитичка комисија посветена на одржливите политики. И јас сакам Европската унија да биде чувар на мултилатерализмот. Затоа што знаеме дека сме посилни со тоа што правиме заедно што не можеме да правиме сами“, подвлече таа.

Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осуммина досегашни еврокомесари.

Новиот тим на фон дер Лејен има осум потпретседатели, вклучувајќи го и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Двојна функција ќе имаат тројца потпретседатели – Франс Тимерманс, Маргрете Вестагер и Валдис Домбовскис, кои ќе бидат и комесари и потпретседатели задолжени за клучните теми од агендата на Урсула фон дер Лајен.

Потпретседателка на Комисијата ќе биде и Хрватката Дубравка Шуица, која ќе се занимава со демократија и демографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e