Навални преместен од затворот во Москва

Притворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални е преместен од затворот во Москва, соопшти денеска неговиот адвокат Вадим Кобзев на Твитер.

Навални, критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше приведен овој месец за кршење на одредбите за условна казна, во судење за проневера за кое тврди дека е наместено од политички причини, додека властите ги негираат таквите наводи.

Тој треба да биде во затвор малку повеќе од две и пол години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e