Најмалку десетмина цивили загинаа во Идлиб

Најмалку десет цивили загинаа, а 37 се повредени во напад на руски воени авиони врз болница и пекара во јужниот дел на сириски Идлиб, јави ДПА.
Руските воени авиони синоќа почнаа со изведување напади на подрачјето на Ериха во Идлиб.

Цивилната заштита (Бели шлемови) соопшти дека 10 цивили загинале, од кои четворица во бомбардирањето на болницата која била уништена.

Тимови за цивилна заштита се на терен и работат на пребарување и спасување цивили. Постои загриженост дека бројот на загинати би можел да се зголеми.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на преговорите во мај 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за зона на деескалација, исто како и другите три региони на Хомс, Источна Гута и Дера-Кунејтра.

Сепак, сириските власти го искористија воспоставениот прекин на огнот и со поддршка на руските воздушни сили ги окупираа сите три региони, додека Идлиб остана под контрола на опозицијата. Стотици илјади цивили од тие региони избегаа во Идлиб и во регионите долж сириско-турската граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e