Медицинска сестра во Германија им давала морфиум на новороденчиња

Германската полиција уапси медицинска сестра во Универзитетската болница во Улм, под сомнение дека им давала морфиум на новороденчиња.

Станува збор за пет бебиња кои сите имале гушење што можело да резултира со состојба опасна по живот, пренесува АП.

Вработените во болницата бргу реагирале, а од раководствот велат дека бебињата на возраст меѓу еден ден и еден месец не се очекува да претрпат трајно пореметување на здравјето.

Лекарите откриле траги од морфиум во урината на бебињата и ја известиле полицијата. Инспекторите ги испрашувале вработените и заклучиле дека дрогата им била дадена на бебињата ноќта на 20 декември.

Сестрата е уапсена, изјави обвинителот Кристоф Лер, додавајќи дека негирала дека им давала морфиум на бебињата . Судијата наредил таа да остане во притвор поради можни обвиненија за обид за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e